М-НАВ: Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ
Според правниот застапник на М-НАВ, судовите во целост ги прифатиле аргументите на М-НАВ, дека најавениот штрајк не произлегува од заштита на право од работен однос, дека е закажан спротивно на законската постапка без задолжително посредување, и дека ССКЛ нема правен легитимитет да организира штрајк како подружница на Независниот синдикат за сообраќај и врски.

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената одлука со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година. Веста денеска ја соопшти адвокатот Горан Николоски, правен застапник на Македонска навигација (М-НАВ).
Со оваа одлука, решението на Основниот граѓански суд Скопје стана правосилно, со што се оневозможува реализацијата на штрајкот кој предвидуваше ограничување на летовите и делумно затворање на македонскиот воздушен простор.
Според правниот застапник на М-НАВ, судовите во целост ги прифатиле аргументите на М-НАВ, дека најавениот штрајк не произлегува од заштита на право од работен однос, дека е закажан спротивно на законската постапка без задолжително посредување, и дека ССКЛ нема правен легитимитет да организира штрајк како подружница на Независниот синдикат за сообраќај и врски.
„Со ваквата пресуда се отвора прашањето дали и претходно организираните штрајкови од страна на ССКЛ биле законски. Одговорот е јасен, судот утврди дека и тие биле спроведени надвор од законските прописи“, рече Николоски.
Тој додаде дека согласно статутарните акти на синдикатот, ССКЛ не претставува синдикат во смисла на Законот за работни односи и не може самостојно да презема дејства.
Николоски вели дека пресудата отвора прашања и за сите други активности што ССКЛ ги преземал надвор од рамките на матичниот синдикат.
„Во ситуација кога дејствата се преземени без правен легитимитет, се доведува во прашање и нивната правна важност“, нагласи Николоски.
Сепак, со оглед на правосилната пресуда, секоја идна акција би морала да биде усогласена со Законот за работни односи, постапката за посредување валиден синдикален легитимитет.
По судската забрана на штрајкот најавен за 20 октомври 2025 година, од М-НАВ оценија дека одлуката на Основниот граѓански суд е законски основана и донесена врз основа на утврдени неправилности во постапката за најавување штрајк.
Штрајкот требаше да се реализира со ограничување на летовите, па дури и со делумно затворање на воздушниот простор во определени термини, но Основниот граѓански суд Скопје донесе времена мерка со која го забрани како незаконски.