Пијанистката Горјана Стојановска со солистички концерт во Истанбул

Во организација на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, вечер ќе се одржи солистички концерт на македонската пијанистка Горјана Стојановска. Концертот ќе биде изведен во Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“ во Кадиќој, со почеток во 19:30 часот.

Пред истанбулската публика Стојановска ќе се претстави со програма составена од дела на Морис Равел, Јоханес Брамс, Петар Илич Чајковски и Фредерик Шопен, автори чие творештво претставува значаен дел од европската музичка традиција.

Горјана Стојановска е родена во Битола, каде го започнува своето музичко образование, а дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Своето професионално усовршување го продолжува во Италија, на Academia Talent Music Master во Бреша. Добитник е на повеќе награди на домашни и меѓународни натпревари и има настапувано на бројни солистички и камерни концерти во земјата и странство.

Настапувала како солист со Македонската филхармонија, а во 2024 година и со камерниот оркестар на Националната опера и балет во Виена.

Концертот е дел од програмските активности на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул за промоција на македонската музичка уметност пред турската публика.