Владата не размислува за мерки, цените на прехранбени производи биле стабилни, вели Дурмиши
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се стабилни и дека засега нема потреба од мерки. Доколку кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе бидат воведени мерки со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните.

– Од 55 најпродавани производи, растот е минимален и изнесува само 0,43 проценти, така што цените се стабилни. Ако забележиме девијантно однесување, како што сме постапиле порано, така ќе постапиме и сега. Значи, за 0,43 проценти се зголемени цените, што покажува дека имаме стабилни цени – рече Дурмиши одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата, на која беше презентиран оперативниот план за вработување за 2026 година.
Вели дека ако кризата продолжи и има енормно зголемување на цените, тогаш ќе се воведат мерки, а една од опциите е намалување на ДДВ-то.
Во однос на инфлацијата, Дурмиши вели дека имаме пониска инфлација од други држави и дека мерките што се преземени досега даваат резултати. До крајот на неделата очекува Државниот завод за статистика да излезе со нови информации за инфлацијата.