Македонија добро котира на индексот на конкурентност во регионот, болни точки продуктивноста и истражувањето и развојот

Македонија е добро рангирана на Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан, кој обезбедува компаративен преглед на состојбите и капацитетите за иновации и конкурентност во регионот, како и сет препораки за унапредување на јавните политики и поттикнување на одржлив економски раст. Ова беше посочено на презентацијата на Индексот, во организација на Центарот на истражување и креирање политики, во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер.

Македонија е добро рангирана на Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан, кој обезбедува компаративен преглед на состојбите и капацитетите за иновации и конкурентност во регионот, како и сет препораки за унапредување на јавните политики и поттикнување на одржлив економски раст. Ова беше посочено на презентацијата на Индексот, во организација на Центарот на истражување и креирање политики, во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер.

Министерот за дигитална трансфирмација Стефан Андоновски ја поздрави оваа активност на Центарот за истражување и креирање политики, особено во однос на тоа како може да се подобри иновативноста. Toј потенцира дека Владата годинава директно инвестира во иновации преку европски дигитални иновациски хабови и развој на Центарот за вештачка интелигенција „Везилка“, со цел поттикнување на дигиталната трансформација и конкурентноста на економијата.

– Како влада се движиме од регулација кон имплементација. Ако минатата година дефиниравме правила на иновации, го донесовме новиот закон за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, оваа година веќе инвестираме директно во иновациите, истакна Андоновски.

Посочи оти тоа се реализира преку два европски дигитални иновациски хабови, во доменот на Министерството за дигитална трансформација, коишто со цел имаат дигитална трансформација, тест-бифор-инвест и лабораториско работење со приватниот сектор со компаниите.

-Двата иновациски хабови се поврзани со стопанските комори и со универзитетите од цела држава. Предводник на едниот Инофеит-ЕДИХ е ФЕИТ факултетот, но во него се вклучени и универзитетот од Битола, универзитетот во Штип, а другиот Дигит-Мак предводник е Финки, а приклучени на таа иницијатива се универзитетот од Тетово. Во двете се поврзани стопанската комора на Македонија и Сојузот на стопански комори, рече Андоновски.

Тој нагласи дека со изградбата и на Центарот за вештачка интелигенција Везилка, кој што ќе им стои на располагање и на јавниот и на приватниот сектор, ќе се направи квантен исчекор напред во примената на вештачката интелигенција и со тоа поттикнување на иновациите во приватниот сектор, а секако искористување на алатките за вештачка интелигенција во развој на јавниот сектор.

-И понатаму ќе дигитализираме услуги за компаниите, услуги за приватните лица, коишто ќе значат диверсификација на можностите за дигитализација и една поддинамична, поефикасна јавна администрација и се надевам во тоа ќе имаме успех, потенцира Андоновски.

Марија Ристеска, директорка на Центарот за истражување и креирање политики истакна дека со овој индекс биле анализирани Босна и Херцеговина, Албанија, Србија и Македонија.

– Денеска имавме чест да ги промовираме и резултатите на индексот каде што споредбено ги покажуваме четирите земји за коишто Центарот за истражување и креирање политики собира податоци и ги анализираше истите, а тоа се Босна и Херцеговина, Албанија, Србија и Македонија. Тоа е веќе 90 отсто од економијата на регионот и покажа дека скопскиот регион е најдобро од сите останати македонски региони рангиран, трет на оваа листа. Имаме пет српски региони на листата, во првите 20 се сите македонски региони, така да Македонија добро е рангирана на овој регионален индекс, но знаејќи дека конкурентноста и иновативноста е глобално прашање, тие треба да се гледаат во глобални рамки, поради што имавме чест на овој настан да зборуваме и со Стивен Изел од Глобалната асоцијација за трговија и иновации, рече Ристеска.

Истакна дека индексот се мерел според 13 индикатори за кои имале јавно достапни информации.

-Самата методологија е многу подлабока, има повеќе индикатори, но за овој регион можевме само 13 да измериме. Се мереше продуктивноста, знаењето, се мереа иновациите, истражувањето, достапноста на интернет, патентите и така натаму. Еден од подобро рангираните региони е Југоисточниот регион. Мораме да знаеме дека се мереа податоци во однос на извоз, странски директни инвестиции, високо технолошки производи коишто се произведуваат и истите се анализираат во однос на бруто домашниот производ на регионот, по глава на жител на регионот. Овој регион е мал, но има многу добра продуктивност и доста додадена вредност со извозни производи, како и скопскиот регион, посочи Ристеска.

Таа оцени дека главните препораки се дека сите политики треба да се однесуваат регионално, односно да се имплементираат регионално, заради тоа што тоа води до резултати, овозможува поголема конкуренција на македонската економија и во регионални и во глобални рамки, покажува резултатот од индексот во однос на странските директни инвестиции коишто беа регионално спроведени како политика дека е доста успешна, доколку и дигиталната трансформација, истражувањето и развој, паметната специјализација исто така се спроведува како политика регионално, сметаме дека и конкурентноста на македонската економија ќе расте, а тоа ќе овозможи и подеднаков развој на целата држава и ќе се сопрат миграционите текови кон Скопје. Ќе се овозможи еден порамномерен развој, посочи таа.

Во однос на тоа кои индикатори се најпозитивно оценети и каде заостануваме зад другите региони, вели дека каскаме особено со Србија, во однос на истражување и развој.

-Каскаме во однос на другите земји, особено Србија во однос на истражување и развој. Мислам дека треба да произведуваме и повеќе повеќе инженери. Исто така каскаме во однос на индикаторот за продуктивност, таму треба да ја зголемиме интервенцијата за да можеме да бидеме попродуктивни, а тоа може да се случи само доколку имаме и дигитална трансформација во компаниите, заклучи Ристеска.

Даниел Браун од Конрад Аденауер Фондацијата рече дека е многу важно да се разгледаат
иновациите за иднината, и тпа што можат да го развијат и зајакнат животниот стандард на луѓето овде во регионот на Западен Балкан, но и насекаде.

-Затоа, мислам дека тоа беше многу добар придонес на денешната конференција за да се разгледаат секторите каде што, особено Северна Македонија, може да расте во наредните години, рече тој.