
Во „Трилинг“ гостуваат Кирил Барбареев универзитетски професор, Лура Положани, истражувач на Универзитетот во Грац и Глигор Дачевски, директор на компанијата Комплит Синерџи.

„Дека сме доведени во ситуација во којашто понекогаш си го поставуваш прашањето – вреди ли да кажеш нешто? Вреди ли кога всушност не те регистрираат? Политиката ги има ограничено сите сектори на влијание, и таа мисли дека е најмудрата и најпаметна во носење на одлуки“, вели универзитетскиот професор Кирил Барбареев.

„Од кај нас двајца си заминаа кај нас во Шведска. Тие не заминаа заради тоа што не им чинело кај нас во компанијата, туку заминале заради тоа што нешто не им се бендисувало тука“, смета Глигор Дачевски, директор на компанијата Комплит Синерџи.

„ДУИ не знае како да биде во опозиција. ВЛЕН исто така не знае како е во Влада, но многу круцијално е што не знае како да менаџира со ВМРО-ДПМНЕ“, вели Лура Положани, истражувач на Универзитетот во Грац.
Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.