(ВИДЕО) Во Трилинг со режисерот Пројковски, министерот Андоновски, и Маџов, основач и претседател на Стартап Македонија

Во новото издание на магазинот „Трилинг“ гостуваат режисерот Дејан Пројковски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и основачот и претседател на Стартап Македонија Игор Маџов.

Во новото издание на магазинот „Трилинг“ гостуваат режисерот Дејан Пројковски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и основачот и претседател на Стартап Македонија Игор Маџов.

„Најскапата претстава е лошата претстава. Лошата претстава, и да потрошиме еден денар, таа никогаш нема да го врати. Човештвото константно создава проблеми и војни кои стануваат терет на некои идни генерации.

-Мислам дека доаѓа времето кога треба да престанеме да го чекаме Годо. Годо никогаш нема да дојде и треба некако да се фокусираме на она што се вика секојдневна радост и смисла на животот“, вели режисерот Дејан Пројковски.

„Забележуваме дека растот на ИКТ индустријата и на ИКТ услугите е намален.

-Ние сме Македонци дури и по Договорот од Преспа. Значи дури и Договорот од Преспа не не прекрсти во северномакедонци како луѓе“, смета министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

„Медицина, финансии и храна се оние коишто ќе останат засекогаш“, вели Игор Маџов, основач и претседател на Стартап Македонија.

Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.