Алиу: Медицинските сестри и акушерките се темел на здравствениот систем

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на свечената академија, што се одржа во Тетово, во организација на Сојузот на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, рече дека оваа недела е потсетник на огромната улога што медицинските сестри и акушерки ја имаат во здравствениот систем и во општеството во целина.

– Вашата професија не е само работа, туку секојдневна грижа, посветеност, хуманост и поддршка за пациентите и нивните семејства. Вие сте столбот на здравствената заштита. Без вашата стручност, пожртвуваност и човечки пристап е невозможно да се замисли квалитетен здравствен систем – од превенција и дијагностика, до лекување, рехабилитација и нега, истакна Алиу.

Во обраќањето тој ја нагласи и заложбата за континуирано унапредување на условите за работа, професионален развој и зајакнување на кадарот во јавните здравствени установи. Воедно, Алиу упати благодарност до сите медицински сестри и акушерки за нивната посветеност, професионалност и секојдневна грижа за пациентите, соопшти Министерството за здравство.