Милошоски: Работната група усогласи десет членови од Изборниот законик
Во Министерството за правда денеска се одржа состанок на работната група за Изборниот законик, на кој бил постигнат договор за измена на десет членови, согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР. На состанокот присуствувале претставници на сите политички партии, освен на СДСМ.
Во Министерството за правда денеска се одржа состанок на работната група за Изборниот законик, на кој бил постигнат договор за измена на десет членови, согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР. На состанокот присуствувале претставници на сите политички партии, освен на СДСМ.
Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој ја претставува партијата во работната група, за МИА оцени дека состанокот бил продуктивен и дека со консензус било постигнато усогласување на десет членови од Изборниот законик, во согласност со препораките на ОБСЕ и ОДИХР.
Претставниците на политичките партии се усогласиле за членовите кои се однесуваат на користењето буџетски средства на институциите во изборната кампања, користењето службени профили на институциите на социјалните мрежи за време на избори и изборна кампања, огласите и постапките за вработувања, како и за изземањето лица со специфични професии од изборниот процес, како на пример медицински лица. Дел од усогласувањето се однесува и на субјектите кои го добиваат избирачкиот список и роковите во кој рок.
Следната средба, како што изјави Милошоски за МИА, би требало да се одржи на 20 мај, исто така во Министерството за правда.
На денешната средба присуствувале претставници на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, Левица, ДУИ, ЛДП, Алијанса за Албанците, Вреди и други.
Со седниците на работната група во Министерството за правда за Изборниот законик, кој е дел од реформската агенда, претседава министерот за правда, Игор Филков.