Мицкоски кај Македонците во Албанија, побара да се обединиме околу историјата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со Македонци од Туминец, Преспа и Мала Преспа, при што порача дека на Македонија ѝ е потребно национално обединување и заедништво околу клучните државни интереси.

Во објавата, Мицкоски истакна дека обединувањето треба да биде околу иднината на децата, почитта кон историјата и достоинството на македонскиот народ.

„Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е, ниту кој на кого припаѓа. Сите стоеја под едно име – Македонија“, напиша премиерот.