Со електричен тротинет прегазил жена, па избегал

Тешка сообраќајна несреќа со електричен тротинет се случила во Скопје, откако возач на тротинет удрил 61-годишна жена и потоа избегал од местото на настанот.

Тешка сообраќајна несреќа со електричен тротинет се случила во Скопје, откако возач на тротинет удрил 61-годишна жена и потоа избегал од местото на настанот.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 9 мај 2026 година околу 14:45 часот во СВР Скопје.

Несреќата се случила на булеварот „Крсте Мисирков“, каде електричен тротинет удрил во пешак – 61-годишната Љ.М. од Скопје.

По ударот, возачот на тротинетот не застанал да помогне, туку веднаш го напуштил местото на несреќата и избегал во непознат правец.

Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градска општа болница 8 Септември, каде што ѝ била укажана медицинска помош.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот на електричниот тротинет и за целосно расчистување на случајот.