Полскиот министер азилант избегал во САД, дали Трамп ќе му даде виза и на Груевски?

Поранешниот полски министер за правда Збигњев Зиобро, кој е во бегство, сега е во Соединетите Американски Држави благодарение на визата од претседателот Доналд Трамп откако избега од Унгарија, јавуваат локалните медиуми.

Зиобро беше во Унгарија од 2025 година откако поранешниот премиер Виктор Орбан му даде азил на осрамотениот министер. Сепак, новиот унгарски лидер Петер Маѓар вети дека ќе започне постапка за екстрадиција против Зиобро по преземањето на функцијата.

Зиобро е баран во Полска поради наводна злоупотреба на јавни средства и употреба на шпионски софтвер „Пегасус“ против политички противници. Тој постојано ги негира обвиненијата, нарекувајќи ја истрагата политичка вендета од полскиот премиер Доналд Туск.

Полското министерство за надворешни работи во неделата им соопшти на локалните медиуми дека нема официјални информации за тоа каде се наоѓа Зиобро, додавајќи дека неговиот пасош е одземен.

Ова го отвора прашањето дали Трамп ќе му даде виза и на Никола Груевски? За разлика од полскиот екс функционер Груевски фигурира на црната листа на САД па веројатно ќе треба да се бара друга земја, ако не добил веќе државјанство во Унгарија.