
Маж ја уби партнерката, го застрела шурата и избега со детето – специјалци го бараат, ужас во регионот
Според неофицијални информации, една жена е убиена, додека нејзиниот брат е ранет. Според извештаите, пукањето се случило во станот откако маж застрелал жена.
Во сараевската населба Добриња се случила пукотница, во која едно лице е убиено, потврди порталот „Аваз“.
Според неофицијални информации, една жена е убиена, додека нејзиниот брат е ранет. Според извештаите, пукањето се случило во станот откако маж застрелал жена.
Човекот кој ја убил својата партнерка во сараевската населба Добриња го зел и нивното дете со себе кога избегал од местото на злосторството, дознава Istraga.ba.
Припадници на Специјалната единица на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон (MUP KS) го бараат, а според истите информации, осомничениот е вооружен.
Полицијата е на терен со долги цевки низ целата населба, додека потрагата по убиецот продолжува.