Муцунски: Ми олесна што претседателот Трамп, првата дама и останатите присутни се безбедни

Министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, на социјалната мрежа „Х“ изрази длабока загриженост по синоќешниот вооружен инцидент што се случи за време на вечерата со дописниците од Белата куќа во Вашингтон.

Во својата објава Муцунски нагласи дека насилството нема место во демократските општества, без разлика кон кого е насочено.

Длабоко сум загрижен поради синоќешниот напад на вечерата на Здружението на дописници на Белата куќа во Вашингтон.

Насилството нема место во демократскиот живот – ниту против избраните лидери, јавните функционери, новинарите, ниту против граѓаните.

,,Ми олесна што претседателот Доналд Трамп, првата дама и останатите присутни се безбедни, и му посакувам брзо закрепнување на повредениот офицер на Тајната служба.“, напиша Муцунски на „Х“.

Тој додаде и дека Македонија стои заедно со САД во заштита на демократијата, јавната безбедност и принципите на кои се темелат слободните општества.