По синоќешниот инцидент кој го потресе американскиот претседателски врв, во јавноста излегоа првите информации за идентитетот на напаѓачот. На изненадување на многумина, станува збор за личност со беспрекорно минато – успешен инженер и наградуван наставник, кој сега е главниот осомничен за пукањето на вечерата на која присуствуваше Доналд Трамп.
Истражните органи работат на откривање на мотивот кој би натерал ваков профил на личност, признаен во својата професија и заедницата, да изврши ваков радикален чин.
Според информациите достапни досега, напаѓачот не бил претходно познат на полицијата по криминални активности. Колегите и неговите поранешни ученици го опишуваат како „тивок и посветен професионалец“.
„Станува збор за човек кој е успешен инженер и наградуван наставник. Никој не можеше да претпостави дека тој би можел да се појави на ваков настан со оружје во рака. Шокирани сме од фактот што едно вакво лице е вмешано во нападот“, пренесуваат медиумите изјави од лица блиски до истрагата.
Иако напаѓачот е веќе идентификуван, прашањата за тоа како успеал да го пробие строгиот безбедносен протокол на Тајната служба остануваат отворени. При нападот беше повреден еден агент, а Трамп беше итно евакуиран.
Безбедносните експерти во САД веќе почнаа со дебата за тоа дали се менува профилот на потенцијалните напаѓачи врз високи функционери, со оглед на тоа што овој пат не станува збор за лице со историја на насилство или радикализам во полициските евиденции.
Паника и хаос настанаа за време на вечера на која присуствуваше американскиот претседател Доналд Трамп, откако во непосредна близина одекнаа истрели. Тајната служба реагираше молневито, итно евакуирајќи го претседателот на безбедно место, додека локацијата беше целосно блокирана од специјални единици.
Според првичните информации, во инцидентот е повреден еден агент на Тајната служба. Неговата состојба засега не е прецизирана, но потврдено е дека тој бил дел од безбедносниот прстен кој го штител претседателот.

Очевидци опишуваат моменти на неизвесност кога по првите истрели обезбедувањето наредило сите присутни да легнат на подот. На социјалните мрежи се појавија и видео снимки на кои се гледа брзата евакуација на Трамп во неговиот оклопен автомобил.
„Сè се случи за неколку секунди. Слушнавме неколку последователни истрели, а потоа агентите го опколија претседателот и го изнесоа надвор. Беше застрашувачки, но нивната реакција беше беспрекорна“, изјави еден од присутните на настанот.