(ВИДЕО) Политички темни прогнози, културолошки пробив, уставно (не) помрднување

Политички темни прогнози, културолошки пробив, уставно (не) помрднување

„Убаво е кога се создава за сопствената култура, но тоа често знае да лимитира, да создава пречки“, е една од поентите на актерката Сара Климоска.

„Имаме доста лимитирани можности, имаме доста мала продукција на независен театар“ додава Климоска.

„СДСМ не може да го загуби епитетот на државотворна партија. Уште во бившата држава, учествуваме како партија на носење на првиот Устав, Охридскиот рамковен договор, почетокот на преговори со ЕУ, договорот од Нивице како почеток на заштитничкиот чекор од НАТО“, вели за „Трилинг“, првиот опозиционер, Венко Филипче.

Филипче не гледа разлика помеѓу Груевски и Мицкоски.

„Иста организирана криминална група. Луѓе коишто го зграпчија државниот буџет. Излажаа дека ќе се борат за националните интереси, дека ќе го вратат името, дека ќе ја подобрат преговарачката рамка, ќе го поништат договорот за добрососедство со Бугарија. А што направија? Ништо!“, вели Филипче.

Победата на Румен Радев е категорична и очигледно оттука натаму ќе бидеме сведоци на нова политичка ситуација или, како што велат многу политички набљудувачи, крај на политичката нестабилност.

Оттука натаму сè зависи и на внатрешен и на надворешнополитички план, од тоа што ќе го исполнува, што ќе го извршува и на кој начин ќе работи Румен Радев.

Магазинот „Трилинг“ погледнете го во видеото