Груби останува во куќен притвор

Поранешниот вицепремиер и министер Артан Груби останува во куќен притвор, со 24 часовно полициско обезбедување. Од Обвинителството за „Фокус“ велат дека побарале продолжување на истата мерка за обезбедување на осомничениот, а Кривичниот суд го прифати барањето.

Груби по повеќе од 14 месеци бегство се врати на 23-ти февруари, но наместо да биде ставен во притвор во „Шутка“, тој издејствува куќен притвор поради безбедносни закани.

Груби е осомничен заедно со уште еден бегалец, екс директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами, за злоупотреби со набавка на ВЛТ апарати при што МВР процени дека државата била оштетена за повеќе од 8 милиони евра.

Поранешниот функционер, неколку дена пред да биде осомничен во декември 2024-тата беше ставен на американската црна листа заедно со судијата Енвер Беџети, поради сомнежи за корупција во судски предмети.