
Вардар поднесе иницијатива „Јужна“ на Градски да се именува по Васил Рингов
Од Вардар посочуваат дека ваквиот потег претставува достојно признание за придонесот на Рингов, но и чекор кон зачувување на спортската традиција и колективната меморија. Според клубот, именувањето на трибината би имало трајна симболика и би служело како инспирација за идните генерации спортисти и љубители на фудбалот.
Како што пишува најстариот македонски активен спортски портал 24фудбал, иницијативата е поднесена до Владата, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски, Македонскиот олимписки комитет и АДСДП.
Од Вардар посочуваат дека ваквиот потег претставува достојно признание за придонесот на Рингов, но и чекор кон зачувување на спортската традиција и колективната меморија. Според клубот, именувањето на трибината би имало трајна симболика и би служело како инспирација за идните генерации спортисти и љубители на фудбалот.
Во соопштението се нагласува дека чествувањето на истакнатите спортски личности со институционална поддршка придонесува за зајакнување на националниот идентитет и континуитетот во развојот на македонскиот спорт. Доколку иницијативата биде прифатена, Вардар најавува организација на меѓународен пријателски натпревар со еминентен противник, кој би се одиграл на денот на официјалното именување на трибината „Васил Рингов“.
Рингов почина на 23 декември 2025 година на 71-годишна возраст, по кратко боледување. Кариерата ја почна во Беласица, кратко време го носеше дресот на Партизан, а потоа играше во Тетекс, а оттаму се пресели во Вардар каде што остави најимпресивна трага и ја освои титулата шампион на Југославија во сезоната 1986/1987. За Вардар одигра повеќе од 200 натпревари, во кои постигна 93 голови. Играше уште и за загрепски Динамо и Ајнтрахт од Брауншвајг.