
„Ај честито, злато си“: Во судница се читаа пораките меѓу Димитровска и ревизорот кој полагаше во нејзино име
„Ај честито и злато си, частам ручек“. Ова е само дел од писмената комуникација што денеска беше презентирана во судницата на рочиштето против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се товари за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.
„Ај честито и злато си, частам ручек“. Ова е само дел од писмената комуникација што денеска беше презентирана во судницата на рочиштето против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се товари за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат, пренесе Прес24.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција пред судот ги читаше пораките кои Димитровска си ги разменувала со ревизорот Миле Столевски, на денот кога, според обвинението, тој наместо неа го полагал тестот за добивање безбедносен сертификат.
Според презентираните докази, откако Димитровска му ги дала своите корисничко име и лозинка, комуникацијата течела на следниот начин:
Столевски: Ќе полагам сега.
Димитровска: Ради ДКСК, ај со среќа.
Столевски: Фала.
Димитровска: Како ти оди?
Столевски: Само што завршив со курсот, сега ќе полагам.
Комуникацијата завршила со ПДФ-документ испратен до Димитровска – електронски издаден сертификат од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, на нејзино име.
Во исто време, беа презентирани и пораки од друга обвинета во предметот, Билјана Петровска-Мандева, вработена во ТЕЦ Неготино. Обвинителството тврди дека таа преку пораки го известувала поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ (обвинет во случајот „Адитив“), дека е отворена истрага за набавката на мазут.Како доказ беше посочено дека таа му фотографирала наредба од Бирото за јавна безбедност (БЈБ) која пристигнала во компанијата.
И покрај презентираните докази, Димитровска, Столевски и Мантева се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.