Филипче: СДСМ е тоа што бил и ќе биде секогаш – големата идеја за Македонија

Во обраќањето на свечената седница на Централниот одбор на СДСМ, по повод 35 години од формирањето на партијата, претседателот Венко Филипче порача дека јубилејот не е само повод за одбележување, туку и повик за нова, чесна и одлучна борба за праведна Македонија.

Во обраќањето на свечената седница на Централниот одбор на СДСМ, по повод 35 години од формирањето на партијата, претседателот Венко Филипче порача дека јубилејот не е само повод за одбележување, туку и повик за нова, чесна и одлучна борба за праведна Македонија.

-СДСМ повторно излегува пред граѓаните со јасна определба за промени и враќање на власта таму каде што припаѓа, во рацете на граѓаните. Тргнуваме против оваа ненародна криминална предавничка власт, одново чисти, скромни, искрени и посоцијалдемократски од кога било досега, рече, Филипче.

Во своето обраќање, претседателот Филипче подвлече дека денес СДСМ повторно стои пред голема историска и политичка задача – да ја врати надежта, правдата и европската перспектива на државата.

-Затоа СДСМ денес е тоа што бил и ќе биде секогаш – големата идеја за Македонија како пристојна, праведна и европска држава, рече Филипче.

Тој посочи дека оваа визија значи држава во која граѓаните ќе живеат достоинствено, а младите ќе имаат причина да останат и да ја градат својата иднина дома.

-Тоа значи млад човек да може да купи прв дом, а да не се чувствува протеран од својата татковина. Тоа значи платата да расте, но и животот да стане поднослив. Тоа значи болницата да не биде место на страв, туку на доверба. Тоа значи училиштето да не биде чекална за иселување, туку подготовка за останување и изградба на татковината, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ потенцираше дека суштината на новата политичка понуда е нов социјален и европски договор со граѓаните, заснован на правда, солидарност и еднакви шанси.

-Затоа, вечерва да не си ветуваме лесни победи. Да си ветиме тешка политичка и демократска борба и чесност. Да си ветиме правда. Да си ветиме правични даноци. Да си ветиме држава што не се плаши од вистината. Да си ветиме политика достојна за Македонија, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

-Денес Македонија повторно е пред голем испит. ЕУ патот е закочен. Отворено и бессрамно ни кажуваат дека тоа ќе трае и натаму со децении, божем како заштита на националните и државни интереси. Тоа е безобзирна лага, истакна Филипче.

Тој нагласи дека европската интеграција е врвен национален и државен интерес.

-Нема поголем интерес, ниту државен, ниту национален, ниту безбедносен, ниту демократски од сојузите со ЕУ и НАТО“, порача Филипче.

Претседателот Филипче потсети дека токму СДСМ носел историски одлуки кои ја движеле државата напред кон евроатлантските интеграции, дури и кога тие одлуки биле тешки и непопуларни.

Во таа насока, Филипче потенцираше дека денешните политики кои го блокираат европскиот пат се директно спротивни на националните интереси.

На нивна страна е срамот! А тоа е страната на предавството на националните интереси, на антиевропските политики, истакна Филипче.

Тој предупреди дека застојот на европската перспектива значи застој на државата и губење на иднината за младите генерации.

-Тоа значи училиштето да не биде чекална за иселување, туку подготовка за останување и изградба на татковината, рече Филипче, нагласувајќи дека европскиот пат е клучен за подобар животен стандард и сигурност на граѓаните.

Претседателот на СДСМ порача дека партијата останува доследна на својата европска ориентација и ќе продолжи да се бори за враќање на државата на вистинскиот пат.

-Затоа СДСМ денес е тоа што бил и ќе биде секогаш – големата идеја за Македонија како пристојна, праведна и европска држава, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче во обраќањето.