
Зеленски добитник на награда за храброст и издржливост на народот на Украина за време на војната
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес ја прими наградата „Четири слободи“ за храброста и издржливоста на Украина во војната со Русија.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес ја прими наградата „Четири слободи“ за храброста и издржливоста на Украина во војната со Русија.
Наградата му ја додели Американската фондација Рузвелт во Миделбург, Холандија.
„Им оддаваме најголема почит на непоколебливата храброст и трајната упорност на украинскиот народ и цврстото и решително водство на нивниот претседател, Володимир Зеленски“, изјави денес претседателот на фондацијата, Хуго де Јонге.
Премиерот на Холандија, Роб Јетен, исто така, му оддаде признание на Зеленски, кој рече дека „неговото примање на наградата кажува многу, бидејќи се согласил да ја прифати само во име на целиот народ на Украина“.
На церемонијата пред доделувањето на наградата, Зеленски побара од присутните минута молчење во чест на жртвите од новите руски напади врз Киев и другите градови низ Украина.
„Не дозволувајте Русија да се извлече неказнето“, рече тој.
Меѓу поранешните добитници на наградата „Четири слободи“ се Нелсон Мандела, Далај Лама, Ангела Меркел и организации како што се Обединетите нации (ОН) и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.