Пронајдена мртва позната ТВ водителка во Босна
Босанските власти започнаа истрага по ненадејната смрт на 46-годишната Алма Хускиќ, една од најпознатите ТВ водителки во Босна и Херцеговина. Нејзиното безживотно тело било пронајдено утринава во стан во градот Зеница.

Околностите за трагичниот настан сè уште не се разјаснети, пренесуваат регионалните медиуми.
Полициски екипи веднаш излегле на терен по добивањето на пријавата и започнале увид. Засега официјалната причина за смртта останува непозната.
Лејла Екиновиќ, портпарол на Министерството за внатрешни работи на кантонот Зеница-Добој, го потврди случајот.
-На местото на настанот е пронајдено тело на женско лице, родена 1978 година. Истрагата ја водат службеници од Секторот на криминалистичката полиција. По завршување на сите неопходни вештачења и истражни дејствија, ќе бидат познати повеќе информации за точната причина за смртта, соопшти портпаролката.