ДУИ бара оставка од Меџити: Исплатил 1.000 евра од Чаир за партиски активист од друга општина

Според партијата, во системот Open Finance е евидентирана месечна исплата од околу 1.000 евра за Хаќим Рамадани, поранешен директор и кандидат за градоначалник на Брвеница на претходните локални избори. ДУИ тврди дека лицето не живее во Чаир, не е даночен обврзник во општината и, како што наведуваат, нема поврзаност со реалните потреби на граѓаните.

Демократската унија за интеграција обвини за, како што наведува, злоупотреба на буџетот во Општина Чаир и побара оставка од Изет Меџити.

Според партијата, во системот Open Finance е евидентирана месечна исплата од околу 1.000 евра за Хаќим Рамадани, поранешен директор и кандидат за градоначалник на Брвеница на претходните локални избори.

ДУИ тврди дека лицето не живее во Чаир, не е даночен обврзник во општината и, како што наведуваат, нема поврзаност со реалните потреби на граѓаните.

Во исто време, според соопштението, воспитувачките и вработените во градинките во Чаир шест месеци не ја добиле исплатата од околу 100 евра, поради што, како што се наведува, дел од нив ги напуштаат работните места.

„Пари за партиските кадри има, за воспитувачките нема“, се наведува во реакцијата.

Од ДУИ оценуваат дека станува збор за „морална, политичка и институционална злоупотреба“ и додаваат дека Меџити го загубил кредибилитетот да зборува за одговорност и грижа за граѓаните.

Партијата бара негова итна оставка и најавува дека ќе продолжи со притисокот додека, како што велат, не се врати институционалното достоинство во Чаир.