Судскиот совет ќе разгледува барање за повторување постапка по пресуда на ЕСЧП

Членовите на Советот ќе одлучуваат и по известување за утврдена фактичка состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија или претседател на суд.

Судскиот совет на денешната седница ќе разгледува барање за повторување постапка по пресуда донесена од Европскиот суд за човекови права.

Членовите на Советот ќе одлучуваат и по известување за утврдена фактичка состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија или претседател на суд.

Дополнително, како точка на дневниот ред е предвидено и формирање комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија или претседател на суд како и точката разно.