Против Груевски се активни две потерници за извршување санкции, велат од Кривичен суд

„Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со судските процеси против осуденото лице Н.Г., поврзани со повеќе предмети кој ги застапуваше поранешното Специјално јавно обвинителство, ја информираме јавноста за следново: Во моментот, против осуденото лице се активни две потерници за извршување на санкции, и тоа по пресуди познати како: „Насилство во Центар“, со пресуда К. бр. 1904/16, за која е оформен предмет за извршување на затворска казна КУИКП 1094/21, во траење од 1 година и 6 месеци, чие извршување застарува на 10.09.2027 година; како и предметот познат како и предметот познат како „Плацеви на Водно“, со пресуда КОК 63/21, за кој е оформен предмет за извршување на затворска казна КУИКП 732/23, со единствена казна затвор од 9 години, чие извршување застарува на 14.02.2043 година“ соопштија попладнево од скопскиот Кривичен суд.

Од таму велат „Со оглед дека за истиот предмет е изречена и парична казна која не е наплатена, истата е заменета со казна затвор во траење од 180 дена, чие извршување застарува на 14.02.2027 година“.

„Во однос на предметот познат како „Тенк“, со пресуда КОК 59/17, за кој е оформен предмет за извршување на казна затвор во траење од 2 години (КУИКП 1807/18), ја известуваме јавноста дека извршувањето на казната е застарено на 16.10.2024 година, поради исполнување на роковите утврдени со Кривичниот законик. Имено со оваа пресуда Н.Г. е огласен за виновен за сторено кривично дело Примање награда за против законито влијание од чл. 359 ст.2 од КЗ и осуден на казна затвор во траење од 2 години, која пресуда е правосилна од 4.10.2018 година. Апсолутна застареност за извршување на оваа пресуда согласно одредбите од чл. 109 и чл. 111 од КЗ, настапила на 04.10.2024 година. Поради тоа, судот по службена должност донел решение за апсолутна застареност на извршувањето на санкцијата. Дополнително, активни се и предмети во кои на истото лице му се суди во отсуство, со оглед дека не е достапно за органите на прогонот, и тоа предметите познати во јавноста како „Титаник“ и „Талир 2““ се вели во соопштението на Кривичен суд.