Меџити: Вознемирени се оние кои му помогнаа на Груевски да избега во Унгарија

„Оние што му помогнаа да избега од Македонија во Унгарија се повеќе од вознемирени. Сега нека се грижат повторно за Груевски“, изјави Меџити на настан во Старата скопска чаршија, додавајќи дека не очекува негова екстрадиција, но дека останува да се види како ќе се развива ситуацијата.

Еден од лидерите на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изјави дека не верува оти поранешниот премиер Никола Груевски ќе биде екстрадиран назад во Македонија.

„Оние што му помогнаа да избега од Македонија во Унгарија се повеќе од вознемирени. Сега нека се грижат повторно за Груевски“, изјави Меџити на настан во Старата скопска чаршија, додавајќи дека не очекува негова екстрадиција, но дека останува да се види како ќе се развива ситуацијата.

Тој нагласи дека, доколку сепак дојде до екстрадиција, Груевски најпрво ќе мора да се соочи со правосудниот систем и да ја издржи казната што му е изречена.