
Ученик во Турција отворил оган во училиште, потоа се самоубил, најмалку 18 повредени
До инцидентот дошло во околината Сиверек, кога вооружен млад човек влегол во училишната зграда и отворил оган од пушка со скратена цевка. Според првичните информации, станува збор за 18-годишен ученик во училиштето.
Во средно стручно училиште во градот Шанлиурфа, на југот на Турција, се случило пукање во кое се повредени најмалку 18 лица.
До инцидентот дошло во околината Сиверек, кога вооружен млад човек влегол во училишната зграда и отворил оган од пушка со скратена цевка. Според првичните информации, станува збор за 18-годишен ученик во училиштето.
По пукањето, осомничениот извршил самоубиство, откако започнала полициска потера. Целиот реон е блокиран од силни полициски единици, а амбулантни возила постојано пристигнуваат на местото на настанот.