Муцунски со честитки до Маѓар и со очекување за натамошна соработка меѓу Македонија и Унгарија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, упати честитки до лидерот на победничката партија на изборите во Унгарија, Петер Маѓар. Во својата порака на Икс, Муцунски вели дека граѓаните на Унгарија јасно ја покажале својата насока.

„Граѓаните на Унгарија се изјаснија и нема ништо поважно од демократската волја на народот“, пишува Муцунски.
Шефот на македонската дипломатија вели дека силните билатерални врски, кои се градени со години, ќе продолжат да се развиваат.
Муцунски додава дека со нетрпение очекува продолжување на соработката за која вели дека се заснова на меѓусебно почитување, партнерство и заедничка европска иднина.
Вчера во Унгарија се одржаа парламентарни избори на кои падна владејачката Фидес на премиерот Виктор Орбан по 16 години на власт. Победничка партија е опозициската Тиса на Петер Маѓар.
Според информациите на Националната изборна канцеларија на Унгарија, по пребројани 98,94 отсто од гласовите, опозициската Тиса освоила 138 мандати, а владејачката Фидес освоила 55 мандати. Во унгарскиот парламент треба да влезат 199 пратеници. Тоа значи дека Тиса обезбедила двотретинско мнозинство