По масовните протести, Даблин ги намалува акцизите и го одложува еколошкиот данок

Ирскиот премиер Михол Мартин најави дополнителни намалувања на акцизите на горивата и одложување на зголемувањето на данокот на јаглерод. На итна владина седница беше постигната согласност за реакција на енергетската криза која предизвика масовни протести низ земјата, пренесе ДПА.

Вредноста на денешниот пакет изнесува околу 505 милиони евра и е дополнување на мерките од 250 милиони евра објавени пред три недели. Протестите, кои вклучуваа блокади на единствената нафтена рафинерија во Ирска и на клучните депоа, доведоа до прекини во снабдувањето и полициска интервенција со апсења на демонстранти.

Учесниците во протестите, главно превозници и земјоделци, организираа координирани блокади на автопатите и на критичната инфраструктура. Тие апелираа до Владата за итни дејства, тврдејќи дека цените на горивата се на неодржливо ниво и дека водат кон банкрот на многу стопански сектори.