
Орбан го призна поразот на парламентарните избори
По повеќе од една деценија апсолутна доминација на унгарската политичка сцена, премиерот Виктор Орбан и официјално го призна поразот на парламентарните избори. Ова претставува тектонско поместување во унгарската, но и во европската политика.
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан,вечерва го призна поразот на парламентарните избори, оценувајќи дека резултатите се „болни, но јасни“.
Во своето обраќање, Орбан истакна дека одговорноста и можноста за владеење овојпат не им биле дадени, додавајќи дека веќе ѝ честитал на победничката партија.
-Резултатите сè уште не се целосни, но се болни за нас и јасни. Му честитав на победникот. Ви благодарам на сите за огромната работа. Никогаш не сме работеле толку многу во една кампања, изјави Орбан.
Тој порача дека неговата партија ќе продолжи да ѝ служи на државата од опозиција, додавајќи дека времето ќе покаже какво значење ќе има овој изборен резултат за иднината на земјата.
-Ние, како опозиција, ќе ѝ служиме на нашата татковина и на унгарскиот народ“, рече Орбан.