14 години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро

Поминаа 14 години од денот кога на сите граѓани за момент им застана здивот и им се заледи крвта, потресени од веста дека се убиени четири момчиња и рибар.

Поминаа 14 години од денот кога на сите граѓани за момент им застана здивот и им се заледи крвта, потресени од веста дека се убиени четири момчиња и рибар.

Односно, на денешен ден пред 14 години кај Смилковското Езеро беа убиени момчињата Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и рибарот Борче Стевковски.

Во судскиот процес кој следуваше, а познат како ,,Монструм”, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години. Ослободителна пресуда поради недостиг на докази доби единствено обвинетиот Сами Љута.

Зад решетки завршија само тројца, а пред две години Азири, првичен загрозен сведок, а потоа обвинет, излезе на слобода.

Осудените Алил Демири и Африм Исмаиловиќ веќе со години се во бегство во Косово. За нив беа испратени неколку барања за екстрадиција, но никогаш не беа испорачани во Македонија.