Унгарија: Обработени над 37% од гласовите, ТИСА цврсто го држи огромното водство
Според најновите официјални податоци од изборната комисија, со обработени 37,04% од гласачките ливчиња, опозициската партија ТИСА ја задржува убедливата предност пред владејачката коалиција Фидес-КДНП на Виктор Орбан. Трендот кон апсолутно мнозинство за партијата на Петер Маѓар се стабилизира.

Вкупниот број на проектирани мандати останува стабилен во споредба со претходниот пресек, со благи поместувања во односот помеѓу мандатите добиени од листите и оние од поединечните изборни единици, објави 4news.mk За 199-члениот парламент, сликата во моментов изгледа вака:
ТИСА: 132 мандати (39 од листите, 93 поединечно)
Фидес – КДНП: 59 мандати (46 од листите, 13 поединечно)
Наша татковина (Mi Hazánk): 8 мандати (сите 8 од листите)
Опозицијата предводена од ТИСА продолжува да доминира во поединечните изборни единици (93 наспроти 13 за Фидес), додека владејачката партија успева да задржи блага предност само кај гласовите преку пропорционалните листи, што е недоволно за да се загрози историското водство на Маѓар.