
Бујар Османи, годинава дежура со цел, како што кажа, неговите колеги кои слават Велигден да може да одморат и да бидат дома со своите семејства.
-Така било отсекогаш, за моите колеги кои го слават празникот да можат да бидат дома, околу трпезата, со своите семејства, таму каде што припаѓа овој ден. Оваа прилика ја користам да им го честитам Велигден на сите што го одбележуваат. Нека ви донесе здравје, мир и радост во домот, објави Османи.