Велигденското примирје траеше само 38 минути, Русија ја нападна Украина

Привременото велигденско примирје договорено меѓу Русија и Украина во саботата попладне, 11 април, беше прекршено само 38 минути откако стапи на сила, кога се огласија сирени за воздушен напад во регионот Харков во североисточна Украина.

Привременото велигденско примирје договорено меѓу Русија и Украина во саботата попладне, 11 април, беше прекршено само 38 минути откако стапи на сила, кога се огласија сирени за воздушен напад во регионот Харков во североисточна Украина.

Украинските власти и војската оттогаш регистрираа повеќекратни прекршувања на примирјето по должината на фронтовската линија, иако немало напади со ракети со долг дострел или беспилотни летала.

Паузата во борбите треба да трае до понеделник, 13 април, повеќе од четири години откако Русија започна целосна инвазија, објави Би-Би-Си.

„Велигден треба да биде време на безбедност, време на мир“, напиша претседателот Володимир Зеленски на мрежата X, предупредувајќи дека украинските сили „остро ќе одговорат“ на секоја акција од Москва.

Недовербата е голема меѓу жителите. Во пресрет на примирјето, семејствата донесоа корпи со традиционални колачи, јајца и колбаси за благослов во црквата „Свети Јован Богослов“, чии прозорци сè уште се заковани откако беа оштетени на почетокот на војната.

„Можда ќе има пауза, но потоа Русија ќе започне со уште поинтензивни напади. Тоа веќе го видовме“, рече парохијанката Лариса.

На воен полигон во близина на границата, членовите на беспилотната единица „Јасни Очи“ тестираа нова опрема. Командантот Хеорхиј рече дека војниците ќе останат во готовност за време на 32-часовното примирје, уверени дека ќе дојде до напад.

„Русија вели едно, а прави друго. Мора да бидеме подготвени“, изјави командантот.

Жителите на Харков и околните села продолжуваат да живеат под постојани закани. Олха, која ги загуби своите соседи во ракетен напад минатиот месец, рече дека примирјето траело само ден и половина.

„Но, барем можеме малку да се одмориме, бидејќи тука секоја секунда очекувате смрт. Сакаме мир, не за ден и половина, туку засекогаш“, рече таа.

Зеленски понуди привременото примирје да се претвори во трајно примирје и да се продолжат преговорите со Русија за вистински мир. Сепак, Кремљ веќе ја отфрли таа идеја, најавувајќи дека нападите ќе продолжат со полна сила од понеделник, 13 април.