
Четири лица, меѓу кои и двајца малолетници, се лишени од слобода по разбојништво извршено во Градски парк во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Станува збор за С.А. (20), Н.Д. (40) и двајца малолетници од Скопје, кои околу 21 часот, во близина на фонтаната, со закана со нож одзеле пари од неколку малолетни лица.
По добиената пријава, полициските службеници од СВР Скопје веднаш презеле мерки и активности, при што осомничените биле пронајдени и приведени во Полициската станица Центар.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Извор: skopje1.mk