
Во изминатото деноноќие полицијата лишила од слобода 12 возачи низ државата поради безобѕирно управување со возило.
Според Министерство за внатрешни работи, од нив 10 управувале возила без возачка дозвола, додека двајца биле под дејство на алкохол.
Најголем број прекршоци се регистрирани во Тетово – четворица возачи, од кои двајца малолетници. Во Скопје биле приведени двајца, по еден во Штип и Кичево, како и двајца во Велес. Еден од возачите во Велес, кој бил под дејство на алкохол, предизвикал и сообраќајна незгода, додека уште еден алкохолизиран возач бил откриен во Битола.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да не управуваат возило без дозвола или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.