
Трамп не го одобри предлогот за 45-дневно примирје
Според изјави од Белата куќа, предлогот бил само една од неколкуте опции што се разгледуваат, но засега нема официјална согласност за прекин на огнот.
Американскиот претседател Доналд Трамп не го одобрил предлогот за 45-дневно примирје во конфликтот со Иран, јавуваат американски медиуми.
Според изјави од Белата куќа, предлогот бил само една од неколкуте опции што се разгледуваат, но засега нема официјална согласност за прекин на огнот.
Во меѓувреме, се појавиле повеќе дипломатски иницијативи – меѓу нив и план во две фази кој предвидува прво итен прекин на борбите, а потоа постигнување поширок договор во наредните недели.
Паралелно со преговорите, притисокот врз Техеран расте. Трамп поставил рок за повторно отворање на Ормускиот теснец, предупредувајќи на можни напади врз инфраструктура доколку тоа не се случи.
Се очекува американскиот претседател да се обрати со нови детали за следните чекори и стратегијата на САД.