Иран потврди: Го разгледуваме мировниот план
Иран нема повторно да го отвори Ормутскиот теснец во замена за „привремен прекин на огнот“, изјави за Ројтерс висок ирански функционер, додавајќи дека Техеран верува дека Вашингтон не е подготвен за траен прекин на огнот.

Службеникот потврди дека Иран добил предлози за итен прекин на огнот и ги разгледува, но додаде дека Техеран не прифаќа да биде притиснат да се согласи со временските рокови и да донесе одлука.
Рамката за прекин на борбите беше изготвена од Пакистан и испратена до Иран и САД преку ноќ, изјави извор на Ројтерс, наведувајќи двостепен пристап со итен прекин на огнот проследен со сеопфатен договор.
Американскиот портал „Аксиос“ синоќа објави дека САД, Иран и регионалните медијатори разговараат за потенцијален 45-дневен прекин на огнот како дел од двофазен договор што би можел да доведе до траен крај на војната, повикувајќи се на американски, израелски и регионални извори.
Според предлогот, Ормускиот теснец би бил повторно отворен, а страните во конфликтот би имале помеѓу 15 и 20 дена да финализираат поширок договор.