ЈО под мотото „Интегритет, реформи, правда“ го одбележува 31 Март – Денот на правосудството
Под мотото „Интегритет, реформи, правда“, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Здружението на јавните обвинители организираат свечен настан за одбележување на 31 Март – Денот на правосудството.

На настанот во зградата на ЈОРСМ, воведни обраќања, како што е најавено ќе имаат новиот Јавен обвинител на Република Северна Македонија, Ненад Савески; заменик-претседателката на Советот на јавните обвинители, Марјана Илиеска и претседателот на Здружението на јавните обвинители, Елвин Вели.
Здружението на ЈО, на настанот, како што е најавено, ќе презентираната програма и планирани активности за 2026 година.
Во рамки на настанот, исто така, предвиден е и дел за дискусија, предлози и сугестии, како и за доделување на благодарници.