Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

-Затворањето на овие два сервиса е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме нашите ресурси. Оваа одлука е донесена со длабока благодарност за работата што ја имаат направено овие тимови и за стандардот на извонредност што го одржувале - изјави претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус на Икс.

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март. На истиот датум ќе биде затворен и паштунскиот, Радио Машал.

-Затворањето на овие два сервиса е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме нашите ресурси. Оваа одлука е донесена со длабока благодарност за работата што ја имаат направено овие тимови и за стандардот на извонредност што го одржувале – изјави претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус на Икс.

Радио Слободна Европа на македонски јазик работи од 2001 година.