Сиљановска-Давкова – Пленковиќ: Одличните билатерални односи се засновани на меѓусебна почит и доверба

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, денеска во Загреб оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на која беше изразено задоволство од одличните билатерални односи засновани на меѓусебна почит и доверба, интензивен политички дијалог и конструктивна соработка во сферите од заеднички интерес.

Претседателката посочи дека нов импулс во соработката, но и доказ за искреното пријателство е иницијативата на македонската влада за склучување на Договор за стратешка соработка со владата на Република Хрватска.

Сиљановска-Давкова изрази благодарност за цврстата и континуирана хрватска поддршка за македонскиот евроинтеграциски процес. Таа го поздрави ставот на Хрватска за потребата од брзо проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, врз основа на реални заслуги во остварувањето на Копенхашките критериуми.