НАТО не може да ги потврди тврдењата дека Иран може да ги нападне Париз, Берлин и Лондон

НАТО не може да ги потврди тврдењата на Израел дека Иран може да ги таргетира Париз, Берлин и Лондон со своите ракети, изјави во телевизиско интервју генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

НАТО не може да ги потврди тврдењата на Израел дека Иран може да ги таргетира Париз, Берлин и Лондон со своите ракети, изјави во телевизиско интервју генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Предупредувањето на Израел следеше по иранскиот напад врз британско-американската воена база „Диего Гарсија“ која се наоѓа среде Индискиот Океан кој, иако неуспешен, покажа дека Техеран има ракетен дострел што претходно не беше јавно потврден, пренесува Би-би-си.

„Во моментов не можеме да ги потврдиме израелските тврдења, но ги истражуваме“, рече Руте во интервју за американските медиуми.

Тој истакна дека ако ова предупредување е точно, тоа е уште еден доказ дека постапките на Доналд Трамп и нападот на САД врз Иран се клучни за елиминирање на иранската нуклеарна закана.

„Она што го знаеме со сигурност е дека тие се многу блиску до тоа да ја имаат таа можност. Сè уште го анализираме случајот со нападот врз британската база, но ако тоа е точно, тие веќе ја имаат можноста за ракетирање на големи далечни. Ако не е точно, знаеме дека се многу блиску до тоа да ја имаат таа можност“, рече Руте.