Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено женско тело во фаза на распаѓање
Полициски службеници и пожарникари попладнево го пребаруваат теренот околу кејот на Зрновска река, каде во местото викано Ѓошевски во кочанското село Зрновци, беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање.

Жената не е идентификувана, а причините за смртта се уште не се утврдени. Телото ќе биде предадено на обдукција, информираа претходно денеска од полицијата и од ЈОРСМ.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во село Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска Река е пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ЈОРСМ информираше дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. Починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени.
Фотографија: Радио Кочани