Николоски: Автопатите се градат според утврдената динамика, не се предвидени дополнителни трошоци
Изведувачот „Бехтел и Енка“ продолжува да работи на изградба на автопатите според утврдената динамика – изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за Канал 77, коментирајќи го текот на изградбата на коридорите 8 и 10-д. Николоски уверува дека сите давачки од државата во моментов му се исплатени на американско-турскиот конзорциум и нема дополнителни трошоци за изградбата на автопатите.

Николоски смета дека растот на цената на горивата во овој момент нема да предизвика дополнителни трошоци.
„Сега засега е стабилно, ако ова заврши во наредните два-три месеци, ние нема да имаме проблем, ако продолжи, секако ќе седнеме ќе разговараме“, вели Николоски во интервјуто за Канал 77.
Како најголем критичар на договорот со „Бехтел и енка“ кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција, Николоски вели дека по доаѓањето на власт, опциите биле или раскинување на договорот, што би значело дополнителни трошоци или конзорциумот да се натера да почне со работа на автопатите.
„Мислам дека е почесно да се заврши проектот, за парите ШТО како држава веќе сме ги платиле, отколку да им ги поклониме. За разлика од тоа кога СДСМ и ДУИ беа на власт, кога ниедна траса не беше започната, сега се работи“, вели Николоски.
Министерот во интервјуто истакна дека е завршена првата фаза од пругата кон Бугарија, а се осврна и на чекорите за развој на западното крило од железничкиот Коридор 8. Најави дека на 22 април претставници на Европската Унија ќе дојдат во Скопје за утврдување на проекти за развој на западното крило од железничкиот Коридор 8.
„Во однос на западното крило на Коридорот 8, на 22 април ќе имаме состанок со Европската Унија што доаѓаат во Скопје, затоа што овој дел го ставивме во проектите од делот за раст. Првата фаза е целосна рехабилитација на правецот Скопје-Јегуновце-Тетово-Гостивар-Кичево, а втората фаза е изградба на железница која што ќе оди Кичево-Охрид-Струга-граница со Албанија“, изјави заменик претседателот на Владата.
Николоски вели дека изградбата на коридорите 8 и 10 ќе спречат државата да стане слепо црево.
Извор: 360stepeni.mk