
Во новото издание на „Трилинг“ разговараме со Весна Георгиева-Свртинов универзитетска професорка, проф. д-р Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнал и писателката Оливера Ќорвезироска.

„Првата задача на г-дин Савески ќе биде уште на самиот почеток да го постави Јавното обвинителство, како целосна организација, да почива на интегритет, но тој и нема избор освен да најави бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, против сите можни видови на влијание.
„Се соочуваме со страшни трагедии, како резултат на тргување со влијание, корупција, неисполнување на своите работни обврски, непочитување на законите“, смета Тасева.

„Ако се зголемат трошоците на компаниите, не само на енергенсите, туку ако се прелее врз останатите трошоци коишто ќе ги имаат, тие ќе мораат да бараат начин за да си ја зачуваат добивката, односно да префрлаат врз продажните цени. Значи ако политиките се насочени да ја намалуваат инфлацијата, не може во исто време и да го зголемуваат економскиот раст, токму поради повисоките каматни стапки“, вели Георгиева-Свртинов.

„Не можете да сокриете нечитање. Тоа се гледа. Невоспитувањето општо, необразованието и нечитањето се многу видливи категории. Тие не се кријат“, вели Ќорвезироска.
Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.