Вучиќ на итен состанок поради глобалното зголемување на цените на нафтата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна со претставници на надлежните министерства и институции во врска со состојбата на пазарот на горива и состојбата со резервите.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна со претставници на надлежните министерства и институции во врска со состојбата на пазарот на горива и состојбата со резервите.

Цените се искачија на 112 долари за барел на глобално ниво откако иранските медиуми објавија за напад врз објект во најголемото поле за природен гас во светот.

Цената на суровата нафта од типот Брент рано утрово во Азија достигна 112 долари за барел, што е повеќе од пет проценти повеќе од цената во вторникот, јави Би-би-си.

Скокот следеше по извештаите дека иранскиот петрохемиски комплекс на гасното поле Јужен Парс е погоден.

Часови подоцна, Катар објави дека е предизвикана голема штета на индустриската локација Рас Лафан по заканите од Иран. Иако цената и на нафтата и на гасот нагло се зголеми, таа остана под максимумите забележани претходно во конфликтот, јави Би-би-си, потсетувајќи дека нафтата достигна цена од 116,78 долари за барел на 9 март.