Миле Цеков од ЗНАМ се согласува за внесување на Бугарите во Уставот

Пратеникот на ЗНАМ, Миле Цеков, со ставот дека лично нема ништо против внесувањето на Бугарите во Уставот, отвори јасна политичка пукнатина меѓу сопственото уверување и линијата што досега ја бранеше партискиот врв. Во интервју за „Студио 10“ на 24 телевизија, Цеков порача дека не само што нема отпор кон уставните измени, туку и дека би гласал за нив, со што директно се оддалечи од формулата што со месеци ја турка претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

„Немам ништо против и да гласам за уставните промени. Јас лично немам ништо против тоа бугарскиот етникум да се внесе во Уставот – ние не губиме ништо од тоа. Исто така имам забелешки кон одредена реторика и наратив кон нашите соседи, сметам дека тоа е погрешен пристап. Треба да се пристапи кон дијалог и разговор, затоа што тие ни се први соседи и први соработници“, изјави Цеков и додаде:

„Јас имам малку поинаков став. Доколку постојат реални пречки по идентитетски или други основи, согласно Уставот, со 81 пратеник можеме да ги стопираме. Се прашувам: која е другата алтернатива? За да има промена, преговарачката рамка треба да ја согласат сите 27 земји членки. Дали ќе се согласат? Не знам, бидејќи нашите партнери ветуваат дека ќе има промена на преговарачката рамка, но не знам дали е изводливо. Тука се поставува прашањето што правиме понатаму, затоа што и младите се прашуваат: до кога ќе бидеме во ваква состојба?“, рече Цеков.