Запален е џипот на градоначалникот на Шуто Оризари – Курто Дудуш

Автомобилот кој го возеше градоначалникот на општина Шуто Оризари – Курто Дудуш, а кој е сопственост на неговата сопруга Фатима Османовска, бил потпален во текот на ноќта – објави „Скопје1“.

Автомобилот кој го возеше градоначалникот на општина Шуто Оризари – Курто Дудуш, а кој е сопственост на неговата сопруга Фатима Османовска, бил потпален во текот на ноќта – објави „Скопје1“.

Според информациите, настанот се случил околу 3 часот по полноќ, а наводно постои и видео снимка од подметнувањето на пожарот.

Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Увид направија од МВР.