Реза Пахлави основа Комитет за транзициска правда во Иран
Реза Пахлави, син на последниот шах на Иран, кој инаку живее во егзил во Соединетите Американски Држави, соопшти дека основал Комитет за транзициска правда предводен од добитничката на Нобеловата награда за мир за 2003 година, Ширин Ебади.

„Денес, со гордост и посветеност кон правдата за секој од вас, основав Комитет задолжен за изработка на регулаторна рамка за транзициска правда. Овој Комитет ќе биде одговорен за подготовка на регулаторна рамка за комисија за вистина и правда“, напиша Пахлави на платформата „Икс“.
Пахлави, кој себеси се претставува како решение во случај на смена на иранскиот режим, соопшти дека покрај Ширин Ебади, каја се согласила да претседава со Комитетот, во телото уште членуваат и писателот Ираџ Месдаги, Лејла Бахмани и Афшин Елијан, кои претставуваат „четири генерации ирански експерти“.