
Иднината на модата, образованието и новите технологии во модниот дизајн на дискусија во Скопје
Во рамки на форумот предвидени се два панелa. Темата на првиот е „Модното образование и индустријата: каде сме и што понатаму“, а вториот е со наслов „Од скица до алгоритам: технологија и ВИ во модата“.
„DMWC Моден форум“ ќе се одржи денеска во Скопје, информираа од Амбасадата на Република Словенија.
Како што е најавено, форумот ќе ги обедини претставниците од модната индустрија, образованието и технолошкиот сектор, со цел да се отвори дискусија за иднината на модата, образованието и новите технологии во модниот дизајн.

Во рамки на форумот предвидени се два панелa. Темата на првиот е „Модното образование и индустријата: каде сме и што понатаму“, а вториот е со наслов „Од скица до алгоритам: технологија и ВИ во модата“.
На настанот најавено е и присуство на амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.