И медицинскиот и немедицинскиот персонал, дишевме како едно: Сведоштво за кобната ноќ по пожарот во Кочани

За жал, еве скоро точно една година од немилиот настан тешко е да се говори. А кога говорам, говорам како мајка, говорам како сопруга, како родител, како ќерка, како професионалец, како човек, и сеуште говорам со една горчина и болка болка во душата. Оваа трагедија никогаш не може да биде заборавена. Ова е вкоренета трагедија. Меѓутоа оваа трагедија и одговорот на оваа трагедија ќе биде нешто што ќе не прати цел живот. Ќе го имаме за цел живот. Ќе не прати во сегашноста, ќе не прати во иднината, ќе остане на генерациите понатаму да научат нешто од неа. Ова го истакна д-р Марија Срцева – анестезиолог во ТОАРЛИУЦ која говореше на панелот „Национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгореници“ што се одржа во рамки на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“.

За жал, еве скоро точно една година од немилиот настан тешко е да се говори. А кога говорам, говорам како мајка, говорам како сопруга, како родител, како ќерка, како професионалец, како човек, и сеуште говорам со една горчина и болка болка во душата. Оваа трагедија никогаш не може да биде заборавена. Ова е вкоренета трагедија. Меѓутоа оваа трагедија и одговорот на оваа трагедија ќе биде нешто што ќе не прати цел живот. Ќе го имаме за цел живот. Ќе не прати во сегашноста, ќе не прати во иднината, ќе остане на генерациите понатаму да научат нешто од неа. Ова го истакна д-р Марија Срцева – анестезиолог во ТОАРЛИУЦ која говореше на панелот „Национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгореници“ што се одржа во рамки на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“.

Таа се осврна на неколку аспекти, најпрвиn, како што посочи, на човечкиот аспект, како и на тоа како се одвивала тријажата.

-Во оваа прилика би сакала да се осврнам на неколку аспекти. Прво на аспектот едниот е човечкиот аспект, оној којшто сите бевме потресени од трагедијата којашто се случи. Меѓутоа, медицината ни дава за право да имаме знаење, но ни дава и обврска да не бидеме пристрасни, туку да бидеме свесни, ориентирани и целно да си ги извршиме задачите за она што е најважно, да спасиме било кој живот“, рече д-р Марија Срцева .

Таа се осврна на неколку точки, како се одвиваше примарната тријажа којашто се однесуваше во центарот односно во клиниките Мајка Тереза, првенствено во Ургентниот центар, понатаму тријажата и згрижувањето на пациентите во интензивното лекување, предизвиците на пациентите коишто ги имаат, коишто се лекуваат од ваков тип на повреди во интензивно лекување, кризниот штаб, комуникацијата, координацијата, и координацијата меѓу другите здравствени установи, и секако на крај транспортот на на пациентите.

Д-р Срцева се потсети дека по немилиот повик кој го добиле, брзо се мобилизирале, а оти првенствата мобилизација се изведуваше во Ургентниот центар.

-Во клиниките сите пациенти кои беа третирани на клиниките за хируршки болести, поминаа низ Ургентниот центар. Тука беше тријажата спроведена од екипи, од три анестезиолози, специјалисти, специјализанти, пластичен хирург и трауматолог. Медицината ни налага познавајќи ја физиологијата и патофизиологијата дека тие повреди можат да бидат различни како што вие рековте. Меѓутоа и типот на тријажата, и типот на на третманот на овие пациенти зависи од овие фактори, факторот каде е повредата, каков тип на повреда, дали е комбинирана, изолирана повреда, дали бара интензивно, колку е стабилен, колку е критичен пациентот и дополнителни фактори, кажа д-р Срцева.

Меѓутоа, додаде таа, масивноста на траумата, па од друга страна не ни дозволува да имаме некое дополнително големо време кога можеме ако некој пациент има витална индикација и е тежок, мораме брзо да одговориме на влошување на виталните параметри за да ги стабилизираме и за да може понатаму да се работи со овие пациенти.

-Поради фактите од медицината и она што го знаеме, иницијалната тријажа која што се изведуваше во Ургентниот центар се изведуваше кон најкритично загрооените пациенти одеа во единицата за интензивно лекување при Клиниката за анестезија реанимација, интензивно лекувањето. Другите пациенти одеа кон Клиниката за пластична хирургија, и кон Клиниката за педијатриска хирургија. Повторно физиологијата ни налага дека овие пациенти не знаеме како ќе им ќе одат понатаму, не знаеме дали ќе влошат во првиот час, во вториот час, првиот ден или вториот ден. Дополнително беа мобилизирани екипи коишто беа проследени кон двете клиники коишто веќе веќе ги спомнав, додаде таа.

Д-р Срцева рече дека второ е згрижувањето на пациентите во Клиниката за анестезија, реанимација, интензивно лекување и оти таму се згрижиле најкритично болните пациенти, и оние пациенти коишто имаа во прво време, значи во првата тријажа коишто имаа најголем потенцијал да влошат во најскоро време.

-На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување беа мобилизирани, осум специјалисти, 12 специјализанти, осум медицински сестри, и четири болничари, и две технички лица. Тие помагаа за третманот на овие пациенти. Долги години јас доаѓам, тоа е моја матична клиника, јас долги години работам на таа клиника. Кога веќе зборуваме за координација, кога веќе зборуваме за интеракција, она што можам да го кажам од емотивен аспект, е дека во тие моменти Клиниката за анестезија, реанимација, интензивно лекување, заедно со медицинските сестри, заедно со помошниот медицински персонал, со техничарите, и немедицински персонал дишеше како едно. Не го даваа само своето знаење, даваа и повеќе од знаење, ја дадоа својата душа.
Морам лично да им се заблагодарам, и да го пренесам чувството дека од овој аспект и денес кога зборувам, зборувам за една фамилија која не бара никаква благодарница, меѓутоа заслужува огромна почит, рече анестезиологот.

Таа кажа дека пациентите кои биле згрижени на Клиниката за интензивно лекување, според протоколите и според правилата на интензивно лекување, сите пациенти биле спроведени на комплетен хемодинамски мониторинг.

-Им беа поставени централни венски линии, уринарни катетеритри, се следеше нив нивната гасна размена преку артериска линија, дали имаат интоксикација со јаглерот моноксид или со други агенси, и се врше интензивна ресутација со течности. Дополнително на сите пациенти во оваа клиника, се правеше и бронхоскопија, заради тоа што да се одреди процентот и типот на повреда односно инхалациона повреда, изгоретина дали се однесува на горнодишните патишта или на долнодишните патишта.

Таа кажа и дека дополнително и паралелно, со сите овие процеси, и со пластична хирургија и детската хирургија, одеше во координација со кризниот штаб.

-Кризниот штаб го сочинуваа претставници од сите болници коишто од Скопје, го сочинуваа претставници од Фондот за здравствено осигурување, го сочинуваа многу доктори на коишто сакам да им се заблагодарам од другите клиники, ги сочинуваа и координатори од кабинетот на Владата на премиерот на Република Македонија. И цело време во координација со овој кризен штаб, оваа координација се одвиваше како со лекарите на клиниките коишто беа вклучени, така имаше координација со сите болници во Македонија за да се знае каков е третманот и како се однесуваат односно каква е состојбата на пациентот и се одлучуваше за транспортот. Одлуката за транспорт на пациенти зависеше од индикацијата, од итноста од една страна, од друга страна беше секако можноста што она претходно го објаснија, дали цивилниот систем и болниците коишто треба да ги прифатат овие болни, имаат можност да ги прифатат, дали одговара на нивната повреда или не. И секогаш за секој пациент се одговараше значи и се реферираше во координација со кризниот штаб, рече лекарката.

Дополнително, додаде д-р Срцева, имало и пациенти кои лежеле на други клиники, кои имале и повреди и фрактури.

-Двајца пациенти лежеа на Клиниката за трауматологија, еден на Клиниката за ортопедија, 12 пациенти на Клиниката за токсикологија. Зборувам во Клиничкиот центар Мајка Тереза. Мислам дека еден пациент лежеше на Клиниката за ота офталмологија. Транспортот беше координиран во согласност со сите и со другите болници и со кризниот штаб. Пациентите се испраќаа со детална епикриза што им се случувало, како биле третирани, што добиле, и каков каква е нивната состојба. И дополнително на пациентите се направија едни протоколи коишто се дадоа кон Министерството за здравство кои беа одговорни за како ќе се враќаат пациентите, односно да се исполнат тие протоколи, односно да се исполнат тие листови во коишто се дава точно како се третирани, каде треба да одат понатаму, и каква е нивната состојба, посочи д-р Срцева.

Тука, посочи д-р Срцева, не заврши улогата на Клиниката за анестезија, реанимација, интензивно лекување.

-Ние игравме и голема улога во враќањето на пациентите, заради тоа што во формирањето на екипи по земји, се формираа повеќе екипи во чив состав влегуваа анестезиолог, пулмолог, токсиколог, психијатар, офталмолог и оториноларинголог, којшто требаше да само што ќе се врати пациентот да види каква е неговата состојба и понатаму да го проследи и каков ќе биде третманот на овие пациенти. Оние пациенти кои отидоа, првиот пациент ни се врати на 27.03 што беше очекувано. Пациентите кои отидоа последни да се враќаат во првиот бран којшто ќе се враќа. Мислам дека некаде последниот пациент којшто излезе од Клиниката за анестезија и реанимација интензивно лекување, се врати некаде во август, не го знам точно датумот. Е сега, како да ставам една завршница на целото ова освен да не го потенцирам тоа дека координацијата, дека меѓучовечките односи, дека хуманоста играат огромна улога. Тоа го видовме на дело. Тоа го видовме сите од нас, го видовме и го осетивме на своја кожа. Меѓутоа осетивме и една болка,и еден внатрешен немир. Медицината не ни дозволува да се бориме со таа болка. Мораме да сме праведни. И повторно како заклучок јас би го дала онаа позната изрека којашто вика „Two cities, two countries, one common pain“ (н.з Два града, две држави, една заедничка болка).

Оваа изрека, дополни д-р Срцева, се користи во главно за земјите коишто имаат масовни несреќи за градови, за општини, за заедници и во тие масовни несреќи ја чувствуваат истата болка, меѓутоа се здружуваат во болката и си ја подаваат раката.

-Го видовме на дело, ја видовме на дело хуманоста на нашите лекари, способноста, брзиот и адекватен одговор и секако се соочивме не само со болката, се соочивме и со последиците на болката. Болката не познава граници. ниту пак познава хуманоста. Како порака јас би го кажала сепак да останеме луѓе меѓу себе. Секогаш да си ја подаваме раката и никогаш да не ја заборавиме раката, која ни била подадена во моментот, кога ни било најтешко, заклучи д-р Срцева во обраќањето на панелот „Национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгореници“ што се одржа во рамки на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“.